Рикардо му ја „отвори“ вратата во Ф1: Алонсо се враќа во 2021!?

Заминувањето на Себастија Фетел од Ферари предизвика уште неколку промени во светот на Формула 1 за следната сезона. Даниел Рикардо од Рено се пресели во Мекларен, а Карлос Сајнц од Мекларен се пресели во Ферари.

За Рено е сигурна една работа, а тоа е дена Естебан Окон ќе вози а Рено, додека второто место за возач засега е слободно, па токму поради тоа се шпекулира дека Фернандо Алонсо би можел да се врати во „најбрзиот циркус“ на светот.

Шпанецот ја напушти Ф1 во 2018 година, но никогаш не ја затвори вратата на „најбрзиот циркус“, а и претходно најави дека наскоро ќе знае што ќе прави во 2021 година, но не сакаше да открие повеќе детали.

„Секогаш зборував дека во 2021 година со нови правила постои можност да се вратам во Формула 1, зашто болидите ќе бидат слични и повторно сакам да возам“, кажа Алонсо.