Релито Дакар почнува в недела – стартот и целта во Џеда

Најпознатото и најтешкото светско рели Дакар почнува в недела и ќе се вози во Саудиска Арабија, на 7.500 километри кои ќе ќе ги минат возачите, со старт и цел на брегот на Црвеното море, во Џеда.

Ќе учествуваат 555 натпреварувачи и ќе се возат 12 етапи, а релито сепак ќе се одржи ѝ покрај затворањето на границите на С. Арабија поради коронавирусот и појавувањето на последната мутација од ковид-19.

„Имав многу лоша ноќ кога го слушнав тоа, беше прашање дали релито Дакар воопшто ќе се одржи. За среќа, следниот ден добивме уверување дека нема промена планот и дека релито ќе се одржи“, вели Давид Кластера, директорот на трката.

Компанијата АСО организираше чартер летови за сите учесници, како и за стигнување на сета потребна опрема за одржување на традиционалното рели кое ќе се води 43-ти пат, а направен е и „меур“ за сите учесници, со цел да се избегнат опасностите од ковид-19.

Двојниот победник Нани Рома мораше да го смени совозачот Дани Оливеирас поради позитивен тест на коронавирус, а покрај него на релити ќе учествуваат и Карлос Сајнц, Себастијан Леб, Стефан Петерхансел, Рики Брејбек, Тоби Прајс...

Релито завршува на 15 јануари со последната 12-та етапа.