Првиот човек на Ферари, Матија Биното си поднесе оставка по лошата сезона

Првиот човек на Скудерија Ферари, Матија Биното си поднесе оставка и ќе го напушти кормилото на тимот на крајот од годината.

Ферари силно ја започна новата сезона во Формула 1, Шарл Леклер победи два пати во првите три трики и имаше предност од 46 бодови во однос на Макс Ферстапен.
 
Но Ред Бул потоа ја крена формата, а Ферари влезе во проблеми, болидите често откажуваа, се правеа грешки во стратегијата, па „биковите“ на крајот стигнаа до двете титули.
 
Уште за време на летната пауза почнаа да кружат гласини за промени во Ферари, на последната трка во Абу Даби силно се шпекулираше дека Матија Биното ќе добие отказ, но сите шпекулации беа демантирани.
 
Сепак, две недели подоцна, Ферари соопшти дека Матија Биното си поднел оставка и ќе се повлече од позицијата прв човек на Ф1 тимот на крајот од годината.
 
Матија Биното е дел од Скудерија Ферари од далечната 1995 година, првиот ангажман му беше како инжинер во делот за мотори, за во 2013 да стане прв човек на делот за мотори. Во 2016 тој беше промовиран како извршен технички директор, а во 2019 стана прв човек на тимот и беше одбран како наследник на Маурицио Аривабене.