Прва пол - позиција за Марк Маркез на патеката „Мотеги“

Актуелниот шампион во МОТО ГП шампионатот, Шпанецот Марк Маркез, ќе стартува од пол - позицијата на утрешната трка за Големата награда на Јапонија.

Ова за пилотот на Репсол Хонда е десетта пол - позиција сезонава и прва на патеката „Мотеги“.

Од првиот ред ќе стартуваат и Франко Морбидели и Фабио Квартараро. Повторно разочараа возачите на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси, кои ќе стартуваат од четвртото, односно десетото место.

Инаку, Шпанецот пред две недели ја прослави шестата шампионска титула во „кралската“ класа.