Марселина Завадска (30) е поранешна Мис на Полска, престижна титула која како најубава Полјачка ја освои пред осум години и таа верувале или не, ќе се натпреварува во рели, а ни помалку ни повеќе, во рели кое ќе се вози во најголем дел низ Африка.
Марселина ќе се натпреварува во категоријата камиони на „Африка Еко Рејс“, рели кое е основано како одговор на преселбата на најпрестижното рели Дакар од африканскиот континент во Јужна Америка, а сега ќе се вози и во Саудиска Арабија. „Африка Еко Рејс“ ќе се води од Монако до Дакар во идниот месец.
Таа ќе вози заедно со уште тројца партнери, а на изненадување на сите полската убавица положила баш за камион. Ќе се возат 5.954 километри на релито кое ќе се вози од Монако преку Савона до Тангер во Мароко, а потоа ќе се оди по територија на Мавританија и ќе заврши во Дакар.
„Нашето учество во ова рели е од хуманитарни цели“, најавила Марселина.