Поранешен шпански шампион во мотоциклизам загина на „Херез“

Шпанскиот мотоциклист Исмаел Бонилја денеска го загуби животот на патеката „Херез“ откако имаше тешко излетување на последниот свиок.

Првичните информации се дека откажале кочниците на неговата „Јамаха Р1“ и излетал со голема брзина. Тој не се натпреварувал, туку денеска имал слободно возење. Ја заврши тркачката кариера во 2013 година, а во 1994 година беше шпански национален шампион.

Од 1996 до 2001 година настапил на девет трки во Мото ГП, но во класата до 250 кубика. Потоа возел во неколку помали серии во разни конкуренции, но без позначителни резултати и успеси.