Пол-позиција за Леклер: Ферстапен разочара во Монте Карло

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Монте Карло.

Зад Леклер во квалификациите заврши неверојатниот Оскар Пјастри од Мекларен, додека од третата позиција ќе тргне Карлос Саинц.

Четвртото стартно место е резервирано за Ландо Норис од Мекларен, по што следат Џорџ Расел од Мерцедес и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Трката во Монте Карло се вози утре од 15 часот.