По повеќе од три децении, Формула 1 се враќа на африканскиот континент

Шпекулациите дека Формула 1 трка би можела наскоро да се вози на африканскиот континент се повеќе се засилени по иницијативата на Руанда колку е можно побрзо да изгради патека во својата земја.

Тоа го потврди и претседателот на Руанда, Пол Кагаме на свеченоста на ФИА во Кигали. Планот на Саудиска Арабија е да изгради патека до 2028 или 2029 година, додека Руанда сака уште порано да биде готово.

„Задоволство ми е официјално да објавам дека Руанда вложува големи напори да ја врати Формула 1 во Африка, со организација на Гран при трка во нашата земја“, рече Кагаме.

Формула 1 трка на африканскиот континент последен пат се возела во 1993 година, за Големата награда на Јужна Африка во Кјалами.