Плејбој на векот: Ф1-возач имал секс со 33 стјуардеси во рок од – две недели!

Поранешниот возач во формула еден-шампионатот, Џејмс Хант, би можел да биде запаметен како најголем плејбој во историјата на овој спорт, откако англиските медиуми денеска тврдат дека имал секс со дури 33 стјуардеси во рок од само – две недели.

Тој возеше само шест сезони во најбрзиот автомобилистички циркус, но и покрај тоа е запаметен како еден од најдобрите британски возачи, кои својот подвиг го направил исклучиво од вработени во Бритиш ервејс“ во седумдесетите години од минатиот век.

Хант стана светски првак во 1976 година по антологиската пресметка со Ники Лауда, која во 2013 година доби холивудска екранизација во филмот „Раш“. Легендата вели дека дури и ноќта пред клучната трка за Големата награда на Јапонија, тој во својата соба се забавувал со поголем број стјуардеси на „Бритиш ервејс“.

Британецот Ф1-кариераата ја почна во 1973 година со тимот на Хекет, по што потпиша за Мекларен на крајот на 1975 година, за следната сезона да ја освои титулата и да остане уште две години со помалку успех. Тој се повлече од спортот сред сезоната 1979 година, по што беше ТВ-коментатор, пред да почине на 45 години од срцев удар во 1993 година.