Пјастри победи во Бахреин, прв триумф на Мекларен на оваа патека!

Оскар Пјастри ја забележа втората победа во Формула 1 оваа сезона откако триумфираше на патеката во Бахерин, неговиот тим првпат се израдува на триумф на ова тло.

Пјастри имаше фантастична трка, извозе перфектно од почеток до крај и сесема заслужено се качи на највисокото место на пиедесталот. Тој почна од пол-позицијата, победата во ниту еден момент не му беше доведена во прашање.

Имаше голема борба до последниот круг за второто место, на крајот Расел заврши пред Норис.

Следуваа возачите на Ферари, Леклер и Хамилтон кои беа на четвртото односно петтото место, а дури шести заврши Ферстапен.

Во топ десет се пласираа уште Гасли, Окон, Цунода и Беармен.