Перез не дозволи изненадување во Џеда, Алонсо се качи на подиумот иако заврши – четврти!

Болидите на Ред Бул втора трка по ред доминираа во новата сезона од формула еден-шампионатот, откако Серхио Перез триумфираше на вечерашната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда, додека Макс Верстален заврши веднаш зад него како – морален победник.

Причина за ваквиот епитет за шампионот е фактот што дојде до втората позиција иако трката ја почна од опашката на стартот поради казна од квалификациите. Тоа не го спречи како од шега да ги мине сите конкуренти, освен клупскиот ривал, кој извозе перфектно од стартот до крајот. На подиумот како трет се најде Фернандо Алонсо, што за него беше стоти пат да биде меѓу првите тројца во кариерата, но тоа ќе му биде поништено, а ќе му остане за утеха дека се напи од шампањското. Ветеранот набрзо потоа дозна дека е казнет со десет секунди, што значи пад на четвртата позиција, а пред него изби Расел од Мекларен, додека Хамилтон заврши петти.

По првите две трки, во генералниот пласман лидер е Верстапен со 44 бодови, пред Перез со 43 бодови, додека трет е Алонсо со 30 бодови. По 20 бодови имаат Саинц и Хамилтон, а Расел е со 18 бодови.