Откриена тајна на Хамилтон: Спие на специјален кревет со ќебе од 2.350 евра!

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон сезонава не беше во можност да се бори за титулата поради доминацијата на Макс Ферстапен, но сега е главна тема поради неговите „трикови“ за подобро здравје.

Една од неговите тајни откри и шефот на Мерцедес, Тото Волф, кој кажа дека Хамилтон спие на специјален кревет и се покрива со посебно ќебе, кое чини 2.350 долари.

Креветот го создала фирма од Мајами, а во него има сензори кои ги следат виталните функции на Хамилтон, односно телесната температура, дишењето и чукањето на срцето.

„Нашиот тим се состои од 2.000 луѓе кои се обидуваат секој ден да напредуваат за да постигнеме потребно ниво на перформанси и да постигнеме успеси“, вели Волф.