Нѐ чека луда завршница во Ф1: Четири сценарија како Ферстапен до титула уште во С. Арабија!

Летечкиот холанѓанец Макс Ферстапен влегува како лидер во генералниот пласман во оваа сезона во Формула 1 во последните две трки во Саудиска Арабија и во Абу Даби (ОАЕ), па има шанса да ја прекина доминацијата на актуелниот и седумкратен првак Луис Хамилтон.

Во пресрет на лудата завршница која од поодамна не е видена во Ф1, поради доминацијата на Хамилтон со Мерцедес во „октанскиот циркус“, сега има четиси сценарија во кои Ферстапен со Ред Бул може да ја прекине таа доминација и да стигне до шампионската круна.

Ферстапен има 351,5 бода на врвот во генералниот пласман, а Хамилтон влегува во 343,5 бода пред завршните две гранприја во оваа сезона. Уште во Саудиска Арабија, Ферстапен би можел до титула на трка до крајот на сезоната.

Првата опција е да победи на гранприто во Саудиска Арабија, ама притоа да извози и најбрз круг за да добие дополнителен бод, а притоа Хамилтон да не биде во првите пет во генералниот пласман за трката, најмалку шести или послаб.

Втората опција е победа на Хамилтон и без најбрз круг на гранприто, а Хамилтон да биде најмалку на седмото место или послаб

Третата опција е Верстапен да биде втор, да извози најбрз круг, а притоа Хамилтон да заврши како десетти или послаб.

Последна четврта опција е Верстапен да е втор и без најбрз круг, но Хамилтон да не освои бодови на ова гранпри.