Неверојатниот Вињалес е победник на трката во САД (ВИДЕО)

Возачот на Априлија, Маверик Вињалес имаше неверојатна трка и успеа да слави на Големата награда на Соединети Американски Држави.

Вињалес имаше лош старт, но потоа се проби меѓу ривалите и за само неколку кругови го презема лидерското место, а на крајот низ целта помина со две секунди предност во однос на Педро Акоста.

Освен за Вињалес и Акоста, место на подиумот имаше и за возачот на Дукати, Енеа Бастијанини кој заврши трет на трката во Остин.