Мото ГП го продолжи договорот: Уште две години ќе се вози во Португалија
Продолжувањето на договорот не беше сигурно поради враќањето на трката во Унгарија, а исто така и Чешка беше во конкуренција да се врати со уште една трка.
Сè уште не е целосно познат распоредот за 2025 година, но неколку трки веќе имаат датуми како таа во Тајланд на 2 март, па Франција од 9 до 11 мај, додека за Португалија уште не е одреден датум.