Монако ќе ги пушти навивачите на трката во Ф1, но само под еден услов!

Трката во Формула 1 за Големата награда на Монако годинава ќе се одржи на 23 мај, а тоа што е добра вест за навивачите е дека ќе им биде дозволен влез на трката, па 7.500 влезници ќе бидат продадени, а услов е тие да имаат негативен ПЦР-тест.

Претходо во цела Франција беше дозволено присуство на навивачи на отворен простор, но бројката е ограничена на само 1.000 гледачи по настан, нешто слично како што беше во Англија во текот на зимата на одредени стадиони.

„Во исто време, важно е тоа што трката ќе се одржи со навивачи, кои ќе ги почитуваат епидемиолошките услови“, соопштија организаторите.

Ова ќе биде прва трка сезонава во Ф1 која ќе биде одржана пред толку голем број навивачи бидејќи во Бахреин имаше помалку фанови.