Мерцедес ја прекина серијата на Ферари: Хамилтон славеше во Сочи

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на 16. трка сезонава во Формула 1, откако беше најбрз на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.

Хамилтон тргна втор, но откако го стигна Фетел, тој падна на третото место. Потоа возачите на Ферари заминаа во бокс, па Британецот го презема водството, а му помогна и безбедносното возило во 28. круг за да го задржи првото место.

Втор низ целта помина Валтер Ботас, кој дури 20 круга се бранеше од Шарл Леклер, но на крајот возачот на Ферери заврши трет.

Трагичар на денот е Себастијан Фетел, кој одлично тргна, но во 28. круг поради проблеми со болидот, тој мораше да се откаже.

Макс Ферстапен беше четврти, а бодови овоија и Александер Албон, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Кевин Магнусен, Ландо Норис и Нико Хулкенберг.