Мерцедес го запали болидот за 2022 (ВИДЕО)

Мерцедес ја одбрани титулата во конструктори во Формула 1, а сега реши и прв да го запали болидот за следната сезона и да го претстави пред навивачите.

Актуелните шампиони сакаат да ја вратат титулата и во конкуренција на возачи, откако Луис Хамилтон годинава ја загуби битката против Макс Ферстапен од Ред Бул.