Мерцедес е во сопствена класа: Нова пол-позиција на Хамилтон

Мерцедес едноставно нема конкуренција сезонава во Формула 1, па двата болиди на германскиот тим доминираа и денеска во квалификациите за трката за Големата награда на Велика Британија.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон стигна до пол-позицијата што за него е седма во кариерата на „Силверстоун“. Британецот извозе круг со време од 1:24,303 минути. Зад него финишираше Валтери Ботас со 0.303 секунди заостанување, додека Макс Ферстапен од Ред Бул беше побавен за цела секунда од Хамилтон.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер имаше четврто време, зад него ќе биде Ландо Норис од Мекларен, потоа Ленс Строл, Карлос Сајнц, па двајцата возачи на Рено, Даниел Рикардо и Естебан Окон. Најдобрите десет ги комплетираше Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Велика Британија што ќе се одржи утре е четврта оваа сезона.