Мартин најбрз на спринт трката во Ле Ман (ВИДЕО)

Шпанецот Хорхе Мартин беше најбрз на спринт трката за Големата награда на Франција која се вози во Ле Ман.

Возачот од Шпанија го оствари првиот триумф во кариерата во спринт со време од 19.59,037, откако на претходните четири трки по две победи имаа Франческо Бањаја и Бред Биндер.

Биндер на денешниот спринт заврши на втората позиција, додека третото место му припадна на Бањаја.