Маркез по тригодишна пауза конечно освои пол-позиција (ВИДЕО)

Осумкраниот светски шампион Марк Маркез полека се враќа во препознатлива форма, па откако минатиот викенд се врати на трките, сега освои и пол-позиција за Големата награда на Јапонија. 

Мотоциклистот на Хонда на патеката „Мотеги“ имаше најбрз круг со време 1:55,214 минути. За Шпанецот тоа беше прва пол-позиција по пауза од 1.071 ден или по јапонското гран при во 2019 година. Дојде до вкупно 91.пол-позиција во кариерата. Мора да се напомене дека постот на Маркез најмногу се должи поради неговите повреди на рамото, кои го оддалечија долго време од тркањето. 

Во првиот стартен ред друштво ќе му прават Жоан Зарко и Бред Биндер, потоа следуваат Маверик Вињалес, Хорхе Мартин и Алеиш Еспаргаро. Лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Фабио Квартараро ќе стартува како деветти, додека неговиот најголем конкурент Франческо Бањаја, ќе тргне од 12.место.