Маркез од идната сезона ќе вози за Дукати
Во соопштението е наведено дека Маркез потпишал двегодишен договор со Дукати, за сезоните 2025 и 2026. Шпанските медиуми тврдат дека во новиот тим ќе го замени Италијанецот, Ене Бастијани, а ќе му биде колега на двојниот светски шампион Франческо Бањаја.
„Многу ми е драго што ќе ја носам црвената боја на фабричкиот Дукати идната сезона. Благодарен сум на тимот што ми укажа доверба и ќе продолжам да растам во опкружувањето во кое Бањаја две години по ред е шампион“, изјави Маркез.
Во моментов тој се наоѓа на третото место во генералниот пласман на возачи со 136 бода, а во својата кариера освои осум титули во сите три класи.