Маркез ќе пропушти неколку трки, познато кога се враќа на својот мотор

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез ја скрши раката на првата трка во Херез, по што беше опериран.

Сепак, рехабилитацијата на Шпанецот не оди како што се надеваа сите, зашто титаниумската плочка во раката му се поместила, па мораше да направи и втора операција.

Поради тоа, маркез сигурно ќе ја пропушти следната трка во Брно на 9 август, а како што стојат работите нема да вози ниту на двете трки во Австрија на 16 и 23 август.

Според последните информации, Маркез се очекува да се врати на првата трка која ќе се вози во септември.