Маркез ќе ги пропушти првите две трки во новата сезона од Мото ГП

Возачот на Хонда, Марк Маркез ќе ги пропушти првите две трки во Мото ГП шампионатот, кои ќе се возат во Катар.

Маркез разговарал со докторите и реши да не вози овој и следниот викенд, иако се најде на списокот на потенцијални учесници.

„По последните прегледи на медицинскиот тим, докторите ме советуваа да не учествувам на првите две трки во Катар и да продолжам со рехабилитацијата“, напиша Маркез.