Маркез е херој на денот, Петручи славеше во Ле Ман (ВИДЕО)

Возачите на Дукати доминираа од самиот старт на трката, а на крајот на првото место заврши Данило Петручи, додека веднаш зад него беше Алекс Маркез кој имаше неверојатна трка.

Човекот кој славеше лани во Мото 2 категоријата минатата сезона на оваа патека, Маркез возеше одлична трка, но сепак на крајот успеа да го освои само второто место.

На третата позиција заврши Пол Еспаргаро, по што заврши Андреа Довициозо кој вози навистина лоша сезона.

Ова е прва победа на Дукати на трката во Ле Ман.