Маестралниот Вињалес победи на отворањето на сезоната во Мото ГП (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес славеше на трката за Големата награда на Катар со која почна новата сезона во Мото ГП шампионатот.

Шпанецот во Доха ја запиша деветтата победа во кралската класа, а 21 во кариерата, и тоа со девет секунди предност во однос на Жоан Зарко од Дукати, додека трет беше Франческо Бањаја, кој во борбата за третата позиција го победи Жоан Мир.