Луда трка во Сингапур: Перез слави пред Леклер и Саинц

Мексиканскиот возач од Ред Бул, Серхио Перез слави на трката за Големата награда на Сингапур, откако заврши пред двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Перез успеа да се одбрани од Леклер, кој го нападна во самата завршница, но сепак неговите обиди беа неуспешни и мораше да се задоволи со втората позиција.

Трет беше Саинц, а по него следеше Ландо Норис од Мекларен, па неговиот тимски колега Даниел Рикардо, а зад нив беа Ленс Строл и Себастијан Фетел.

Актуелниот првак Макс Ферстапен немаше најдобра трка по лошиот старт, како и со излетувањето во самата завршница, кога ги оштети гумите и падна до последното место, но сепак на крајот заврши седми.