
Леклер распука по Ферари во текот на трката, па си ги повлече зборовите!
Возачот на Ферари беше фрустриран во текот на трката, па распука по својот тим. Во момент на разговорот беше трет и полека ја губеше и таа позиција.
„Ова е неверојатно фрустрирачки. Ја изгубивме сета конкурентност. Треба само да ме слушате, јас сам ќе најдев различен начин да ги менаџирам овие проблеми. Сега едноставно е не се вози, не се вози. Би било чудо ако завршиме на подиумот“, зборуваше изнервирано Леклер на тимското радио.
Но, по завршувањето на трката возачот на Ферари си ги повлече зборовите и објасни што навистина се случи со неговиот болид.
„Најпрво морам да ги повлечам зборовите кои ги реков преку радиото бидејќи мислев дека проблемите доаѓаат од еден извор, а потоа кога излегов од болидот добив повеќе информации“, рече Леклер.
„Проблемот бил во шасијата и ништо не сме можеле да направиме поинаку. Почнав да чувствувам проблем околу 40. круг. Стануваше се полошо од круг во круг. Пред крајот бевме две секунди побавни по круг. Болидот едноставно не се возеше. Повторувам, ова беше технички проблем и исклучок. Не смее никогаш да се повтори. И понатаму сум многу разочаран“.