Леклер кажа што мисли за инцидентот меѓу Хамилтон и Ферстапен (ВИДЕО)

Трката за Големата награда на Велика Британија ја одбележа судирот меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, при што сериозно настрада болидот на возачот на Ред Бул.

Овој судир го искористи возачот на Ферари, Шарл Леклер кој се искачи на првата позиција и таму остана до претпоследниот круг на трката, кога Хамилтон успеа да го премине и да слави на Силверстон.

„Тешко е да се суди за тоа што се случи кога сцената ја гледате од болид. Тоа беше многу брзо, но мислам дека тоа е само тркачки инцидент. Тешко е да се обвини било кој возач. Такви работи се случуваат понекогаш. Најважно е тоа што Макс не е повреден“, вели Леклер.

Раководството на ФИА го казни Хамилтон со 10 секунди, но и покрај тоа актуелниот шампион успеа да слави на трката во Велика Британија.