Леклер е незадоволен во Ферари: Имаме уште многу работа!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер се надеваше дека оваа сезона ќе се бори за шампионската титула, но само по две трки кажа дека е разочаран од болидот.

Леклер заврши на седмата позиција на трката во Саудиска Арабија, зад неговиот тимски колега Карлос Саинц, по што кажа дека мора да напредуваат уште многу ако сакаат да се борат за титула.

„Имаме уште многу работа. Нашите ривали беа брзи и на правец и во свиоци. Ние мора да напредуваме ако сакаме добри резултати“, кажа Леклер.