Легендарниот Пике расистички го навредил Хамилтон: Ф1 и Мерцедес веднаш со осуда

Поранешниот трикратен светски шампион во Формула 1, Нелсон Пике расистички го навредил Луис Хамилтон за време на едно интервју дадено во ноември 2021 година. 

Бразилецот зборувал со новинарот Рикардо Оливеира за „Моторспорт ток“ и го коментирал инцидентот на Хамилтон со Макс Ферстапен за време на британското гран при лани.

„Црнецот го постави болидот и го остави така, бидејќи немаше никакви шанси да мине два болиди на тој свиок“, рекол Пике во контроверзната изјава. 

Интересно е тоа што Нелсон Пике е татко на Кели Пике, актуелната девојка на Макс Ферстапен и поранешна на Данил Квајт со кого има и ќерка. 

„Луис е главна движечка сила на напорите на нашиот спорт во борбата против расизмот и тој е вистински шампион во различностите на патеката и надвор од неа. Заедно ја делиме визијата за разичности и инклузивен мотоспорт и овој инцидент ја покажува важноста да се стремиме за посветла иднина“, се вели во реакцијата на Мерцедес Ф1, тимот за кој настапува Хамилтон.