Легендарниот Пике доби доживотна забрана да гледа трки во Ф1

Поранешниот шампион Нелсон Пике до крајот на животот нема да може да присуствува на трките во Формула 1, поради расистичките навреди на сметка на Луис Хамилтон.

Англиските медиуми пишуваат дека Пике добил забрана поради тоа што кажал „малото црнче“ за Хамилтон.

„Би сакал да објаснам што се случува за коментарот кој го дадов во медиумите. Тоа што го кажав не беше лошо и не можам да се бранам поради тоа, но сакам да објаснам дека во Бразил го користиме како синоним за ‘момче’ и не е навредлив коментар“, кажа Пике.