Квартараро триумфираше во Андалузија, Роси по 15 месеци се врати на подиумот (ВИДЕО)

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на трката за Големата награда на Андалузија и така ја забележа втората победа по ред во Мото ГП шампионатот сезонава.

Младиот возач ја задржа лидерската позиција од самиот почеток до крајот, а второто место го освои Маверк Вињалес на Јамаха, а третата позиција беше резервирана за Валентино Роси, кој по 15 месеци се врати на подиумот.

По нив во топ-5 завршија уште и Такаки Накагами и Жоан Мир.