Квартараро маестрален во Португалија, Маркез заврши седми на кам-бекот (ВИДЕО)

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на третата трка годинава во Мото ГП, која се возеше за Големата награда на Португалија.

Францускиот возач ја запиша втората победа по ред, а шеста во кариерата и така му донесе трет триумф на неговиот тим во исто толку трки сезонава.

Во центар на внимание во Португалија беше борбата на Квартараро со Алекс Ринс од Сузуки, кој не можеше да го надмудри неговиот противник на патеката.

Покрај победата на Французинот, трката во Портимао ја одбележа и враќањето на осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој ја возеше првата трка од јули минатата година и заврши на седмата позиција.

По три трки, Квартараро е прв со 61 бод, по него следи Бањаја со 46 и Вињалес со 41.