Кубица по само една година повторно ја напушта Формула 1 – си оди од Вилијамс

Откако после осум години пауза, полскиот возач Роберт кУбица се врати во Формула 1 за актуелната сезона во „октанскиот циркус“, Полјакот веќе најави дека на крајот на оваа сезона ќе си замине од Вилијамс и повторно најверојатно од Ф1.

Кубица поради тешки повреди на раката по незгода на рели во 2011 година и покрај ограничувањата на десната рака, повторно влезе во болидот, сега на Вилијамс. Полјакот го има освоено единствениот бод, а според најавите неговото испразнето место ќе го земе Џорџ Расел, иако во конкуренција се и Николас Латифи, резервниот возач, кој моментно е прв во Формула 1, како и Нико Хулкенберг.

„Решив после оваа сезона да не ја продолжам соработката со Вилијамс. Се радувам на новата сезона и разледувам различни опции. Оваа сезона беше многу тешка од агол на настапот. Беше многу исцрпувачка, а не е лесно да се вратите во Ф1 после долго време, особено ако сте во тешка ситуација. Но, јас морам да им заблагодарам на сите, а ќе видиме што ќе донесе иднината“, рекол Кубица.

Тој потврдил дека би сакал да остане во Ф1, ама не по секоја цена.

„Секако дека би сакал да останам во Ф1, но тоа нема да го направам по секоја цена. Разгледувам и други опции“, додал Полјакот.