Камерите по пет години влегоа во домот на Шумахер (ВИДЕО)

Семејството на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, по првпат по несреќата им дозволија на камерите да влезат во семејниот дом во кој се рехабилитира Германецот, кој во 2013 година се повреди при пад на скијање.

Во документарниот филм „Шумахер“ се наоѓаат необјавени архивски снимки од животот на прославениот возач, како и сведочења на најблиските членови од неговото семејство - сопругата Корина и таткото Ролф.

Премиерата на документарецот е закажана за петти декември.