Хамилтон славеше на „Сузука“ - титулата му се насмевнува
Возачот на Мерцедес по денешната победа сега има 331 бод во генералниот пласман, додека неговиот најблизок ривал во борбата за титулата Себастијан Фетел од Ферари има само 264 откако денеска финишираше на шестото место. До крајот на сезонта има уште четири трки, што значи дека насловот светски шампион е мног близу да остане кај Хамилтон.
Денеска на Британецот друштво на подиумот му правеше неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул. Даниел Рикиардо финишираше како четврти, додека Кими Раиконен беше петти.
Хамилтон денеска дојде до вкупно својата 71.победа во кариерата, а вкупно деветта сезонава. Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози за Големата награда на САД во Остин, Тексас на 21 октомври.