Хамилтон си го прегази механичарот на тренинг за трката во Сочи (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион во Формула еден, Луис Хамилтон, имаше мал инцидент на денешниот тренинг во пресрет на задутрешната трка за Големата награда на Русија на патеката во Сочи, кога при застанувањето пред својата гаража го прегази сопствениот механичар.

За среќа, инцидентот мина без никакви последици, односно членот на тимот на Мерцедес веднаш стана и покажа дека е во ред. Според возачот, причина за прегазувањето е „магичното копче“ на болидот, кој ги загрева кочниците, а кое Британецот заборавил да го стисне.

Поради идентична работа, Хамилтон остана без бодови на неодамнешната трка во Азербејџан.