Хамилтон побрз од тимскиот колега Ботас во Муџело

Луис Хамилтон дојде до својата 95-та пол-позиција во кариерата откако имаше најбрз круг на патеката во Муџело за Големата награда на Тоскана, Италија.

Возачот на Мерцедес извозе круг со време од 1:15,144 минути и го победи својот тимски колега Ботас за 59 стотинки. Од вториот ред зад двата Мерцедеси ќе тргнат двајцата возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен и Александер Албон.

Ферари утре по 1.000 пат ќе настапи на една трка во Формула 1, а Шарл Леклер ќе тргне од 5.место. Неговиот тимски колега Себастијан Фетел денеска оствари време само за 14-тото место. 

Најдобрите десет денеска во квалификаците ги комплетираат Серхио Перез, Ленс Строл, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц и Естебан Окон