Хамилтон по шести пат светски шампион во Формула 1

Луис Хамилтон со второто место освоено за време на трката за Големата награда на САД ја освои шампионската титула на две трки до крајот на сезоната.

За возачот на Мерцедес ова е вкупно шеста титула во кариерата, а петта со германскиот тим, а една освои и со Мекларен во 2008 година. Британецот сега има само една титула помалку од најтрофејниот во историјата, Михаел Шумахер со седум.

Неговиот тимски колега, Валтери Ботас го освои првото место во Остин, додека трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул.

До крајот на сезоната остануваат уште две трки. Следната се вози во Бразил на 17 ноември, а сезоната ќе финишира во Абу Даби на први декември.