Хамилтон негира: Не сум преговарал со Ред Бул, Хорнер не ме разбрал!

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ги негира тврдењата на директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кој кажа дека британскиот возач сакал да вози за актуелниот шампион во конструктори.

Хорнер во интервју кажа дека на почетокот на годината контактирал со еден од претставниците на Хамилтон, но возачот вели дека тоа не е вистина.

„Не разбирам за што разговарал. Ми се обрати на почетокот на годината за состанокот, но тоа беше сè. Им честитав за неверојатната година и им кажав дека се надевам на поголема борба во иднина. Мислам дека нешто не ме разбрал Хорнер“, вели Хамилтон.