Хамилтон не може да верува дека е втор: Ќе го бркам Антонели до крај!

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, порача дека нема намера да се откаже од борбата за титулата, откако по новиот подиум се искачи на второто место во генералниот пласман во шампионатот.

Британецот по третото место во Канада ја продолжи серијата добри резултати и во Монако, каде заврши како втор зад лидерот во генералниот пласман Кими Антонели кој има пет победи во низа.

„Не можам да верувам дека сум втор во шампионатот. Сезоната е уште е на почетокот и мораме да продолжиме да го бркаме лидерот. Всушност, полесно е да се брка отколку да се брани позиција. Овие момци се многу брзи, но ние ќе продолжиме да притискаме и не се сомневам дека ќе стигнеме до првата победа за Ферари“, порача Хамилтон.

Со тоа, седумкратниот светски шампион испрати јасна порака дека верува во борба со 19-годишниот Антонели до самиот крај.

Фото: F1/FB