Хамилтон казнет со 10 места поради промена на моторот пред трката во Турција

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е казнет со 10 места пред трката за Големата награда на Турција, откако Мерцедес го промени моторот на неговиот болид.

Хамилтон сезонава смее трипати да го промени моторот и со оваа промена го надмина тоа ограничување, поради што е казнет.

Британецот минатата година победи во Турција, каде што ја освои својата седма рекордна титула на светски шампион.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)