Хамилтон: Целта ми е да го вратам Мерцедес на врвот!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кажа дека целта оваа сезона му е да ја врати екипата на врвот, откако во изминатите години доминацијата ја презема Ред Бул.

Мерцедес вчера го претстави новиот болид „В15“, а Хамилтон се надева дека со него ќе може да го загрози актуелниот шампион Макс Ферстапен пред да замине во Ферари идната година.

„Претходната недела беше емотивна за сите. Целта ми е да го вратам тимот на врвот. Имавме неколку тешки години, но сакаме да се вратиме каде што ни е местото“, кажа Хамилтон

Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин.