Хамилтон бара 400 милиони евра за нов договор!?

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон наводно бара околу 400 милиони евра за продолжување на договорот со Мерцедес.

Хамилтон сака да вози уште две години, по што ќе добие улога на амбасадор, меѓутоа раководството на Мерцедес допрва треба да разговара со Британецот за условите од договорот.

Тото Волф најави дека ќе има преговори со Хамилтон по враќањето од одмор, по што ќе биде познато што ќе се случи со британскиот возач.