„Газета дело спорт“: Ф1 сезоната ќе почне во Монте Карло или во Баку

„Газета дело спорт“ објави дека сезоната во Формула 1 би можела да почне во Монте Карло, трка која е закажана за 22 до 24 мај или најдоцна на трката за Големата награда на Азербејџан во Баку од 5 до 7 јуни.

Раководството на Ф1 утре ќе разговара со тимовите за идните потези, а првото прашање ќе биде дали да се скрати сезоната или да им се дадат нови термини на откажаните трки.

Да потсетиме, Ф1 откажа неколку трки, па будно се следи ситуацијата со вирусот и наскоро се очекуваат повеќе информации.