Фотографии на повредениот Михаил Шумахер првпат во јавноста по тешката несреќа!

Германските новинари, Михаел Век и Ханс-Бруно Камертонс, добија ексклузивна можност односно ги добија правата да го реализираат документарниот филм за легендарниот формула еден-возач, Михаел Шумахер, во кој ќе се говори за неговиот живот и кариера.

Двоецот на располагање ќе добие и ексклузивни фотографии од последните седум години од животот на Германецот, во кои тој е надвор од јавноста по тешката повреда на скијање. Оваа вест ја потврди и Сабине Кем, портпаролката на семејството Шумахер.

Тоа ќе биде првпат по големата несреќа семејството на легендарниот Ф1-шампион да се отвори за јавноста, бидејќи освен што ќе бидат прикажани фотографии и видеа, во филмот ќе говорат и неговата сопруга Корина, таткото Ролф, ќерката Џина-Марија и синот Мик, кој неодамна се избори за место во најбрзиот циркус во светот.

Шумахер настрада на скијање на 29 декември 2013 година, по што веднаш беше пренесен во болница, каде што лекарите утврдија дека е во критична состојба. Потоа беше префрлен во франацуски Гренобл, каде што му беа извршени две операции, по што беше ставен во индуцирана кома за да му се задржат мозочните функции. Оттогаш никој го нема видено во каква состојба е Шумахер.