Формула 1 ќе менува - од 2025 година ќе има нов систем на бодување

Челниците на Формула 1 одлучија од 2025 година да го сменат системот на бодување со тоа што 12, место 10 возачи ќе добиваат бодови.

Тоа значи дека повеќе од половина пилоти ќе бидат наградувани по трките што, според водството на Формула 1, ќе ја направи сезоната поинтересна. Во горниот дел нема да има промени - победникот ќе добива 25, вториот 18, третиот 15, четвртиот 12 и петтиот 10 бода. Измените се планирани во останатиот дел: шестиот ќе добие 8 бода, седмиот 6, осмиот 5, деветтиот 4, десеттиот 3, за 11. се планирани 2, a за 12. еден бод.

Останува на сила дополнителниот бод за најбрз круг на трката, а истото бодување останува за спринт трката каде првите осум ќе добијат бодови, по ред од осмата, до првата позиција. 

Новиот начин на бодување нема да донесе промени во горниот дел од генералниот пласман, но може да влијае на позициите кон средината.