ФИА ги отфрли жалбите на Ред Бул и Ферари

Управата на Формула 1 ги одби жалбите на Ред Бул и Ферари за легалноста на предните крила на Мекларен и Мерцедес.

Ред Бул и Ферари сметаа дека предните крила на болидот на Мерцедес не се во склад со правилата, но од ФИА сметаат дека се е во рамките на правилата.

„Сите предни крила во овој момент се во склад со правилата за 2024 година“, соопшти Меѓународната автомоболистичка федерација.

ФИА е свесна за загриженоста на екипа и објави соопштение како одговор на коментарите по трката во Монца кои ги испратија директрот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, советникот на таа екипа Хелмут Марко и директорот на Ферари, Фредрик Васер.

Од Ред Бул се жалеа откако во последните месеци Мекларен и Мерцедес станаа посериозни конкуренти. Ред Бул и Ферстапен доминираа на почетокот, имаа голема предност, меѓутоа сега Мекларен и Мерцедес се доближија и во конкуренцијата на возачи и кај конструкторите.