Фетел побрз од Хамилтон за пол-позиција во Канада

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на Големата награда на Канада, седмата трка на годинешниот шампионат во Формула 1.

Германецот до првата позиција стигна во самиот финиш од квалификациите на патеката во Канада, откако за две десетинки беше побрз од Луис Хамилтон од Мерцедес.

Од третата позицијата ќе почне Шарл Леклер од Ферари, а по него следува Даниел Рикардо, а по него следуваат Пјер Гасли и Валтери Ботас.

Да потсетиме, трката за Големата награда на Канада се вози утре од 20.10.